октомври 29, 2020

Црквата Св. Софија во некогашен Константинопол е изградена од Македонец

Последните денови актуелна е црквата Св. Софија во некогашен Константинопол, а денешен Истанбул. Реформаторот Кемал Ататурк ја пренаменува во музеј за да биде неутрален објект и достапна за сите, но Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган неа ја прогласи за џамија. Интересно е што најмногу реакции пристигнуваат од Грција, наместо од Македонија.

Оваа црква за првпат е отворена на 27 декември, 537 година, чија изградба се случува кога со источното римско царство владеел Македонец – Flavius Petrus Sabbatius Iustinianus, или познат како Цар Јустинијан I, роден во селото Таор, близу Скопје.

Св. Софија низ времето била повеќепати пренаменувана:

• Римска царска црква (537-1054)
• Православна црква (1054-1204)
• Католичка црква (1204–1261)
• Православна црква (1261–1453)
• Џамија(1453–1931)
• Музеј (1934-2020)
• Џамија (од 2020)

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •