ноември 28, 2022

Бензинот најмногу поевтини бидејќи се намали акцизата – наскоро и дизелот со намалена акциза

бензин

Од ноќеска бензинот е поевтин за 1,5 денари, но тоа поевтинување е најмногу заради намалувањето на акцизата.  За еден денар се намалува акцизата на бензините од 3 на 2 денари. Но, акцизата кај дизелот останува иста – 3 денари бидејќи според пресметките потребно е дизелот на светски берзи да порасне уште како услов да се намали и таму акцизата.

Уредбата со која е воведена акцизата од три денари за нафтените деривати е донесена во периодот кога драстично паднаа цените на нафтените деривати на светските берзи и заради корона кризата, а се предвидува и постепено укинување на акцизата како ќе растат цените.

Новите цени кои важат од ноќеска на полноќ се: Еуросупер БС-95 чини 60 денари, а Еуросупер БС-98 чини 62 денари. Дизелот со новата цена е 53 денари и екстра лесното или црвената нафта е 52,5 денари со што се изедначува со дизелот за да нема простор за малверзации.

Сподели