декември 7, 2022

Сè во функција да се одвлече вниманието од единствениот поразен – Зоран Заев

Агонијата на Бихачка продолжува. Проектот на ширење смут и шизма кај албанците пропадна, неславно. Сега се компензира со ширење шизма и смут кај македонците, кај вмро. Кој исто така ќе пропадне, неславно.

Оваа бихачка структура е фатена во ужасен вртлог на пропаѓање од кое сака да се спаси преку сакатење на останатите – доскора кај албанците, сега кај вмро. Веќе заборавиле како да освојат нешто, туку се е ставено во функција на сеење на раздор за да дрпнат нешто од некого, , да измамат, да копираат, плагијаризираат. Во тој процес, бихачка стана дом, легло, уточиште на лични пизми, инаети, лудила, преваранти, духовно заболени. Сите впрегнати да прават пакости на други – ниеден способен или заинтересиран да изгради нешто. Шизофренијата вперена против Ахмети предизборно, сега се компензира со патологијата на хистерија против Мицкоски. Се во функција да се одвлече вниманието од единствениот поразен – Зоран Заев.

Дури и да им успее деструктивноста вперена кон другите, оваа бихаќка нема да ја стекне љубовта и довербата на граѓаните. Ќе се влечка, ќе се гребе, ко луда баба во пењоар и влечки на улица ќе иде по луѓе врескајќи, плазејќи се и покажувајќи со прст. Се помалку ќе биде омразена, се повеќе – презирно сожалувана.

Фесјбук статус на Арсим Зеколи.

Сподели