ноември 27, 2022

Се намалуваат цените на горивата

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во прoсек за 1,61 отсто во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно одлуката од 13.07.2020 година.

„Пресметките на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги  за периодот од 1-ви јули до 15-ти јули 2020 година на берзанските цени на нафтените деривати покажуваат дека средната дневна берзанска цена на горивото Prem Unl 10ppm, кое служи како основа за пресметка цените на бензините, на медитеранската берза публикувана на Platt’s е повисока  од  390 USD/тон.Ова значи дека согласно Уредбата со законска сила за дополнување на уредбата со законска сила за примена на законот за акцизите за време на вонредна состојба,дополнителната акциза за забезоловен бензин се намалува од 3 денари на 2 денари и истата е инкорпорирана во денешната одлука со која има намалување за 1,50 денар за литар на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98. Дополнителните акцизи за останатите деривати, односно гасно масло како погонско гориво и гасно масло како гориво за греење, остануваат на исто ниво  како и досега. Согласно одлуката дизелот и екстралесното масло за домаќинство се намалуваат за 0,50 денари“, изјави Марко Бислимоски, претседател на Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги.

Одвечерва на полноќ малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98се намалуваат за 1,50 денарза литар, со што малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 60,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе изнесува 62,00 ден/лит.

Малопродажните цени на  ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1)се намалуваат за 0,50 денар за литар и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе изнесува 53,00 ден/лит, додека малопродажната цена на дизелот Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе изнесува 52,50 ден/лит.

Малопродажната цена намазутот М-1 НС се намалува за 0,370 ден/кг и од вечерва на полноќќе изнесува 26,215 ден/кг.

Од 21.07.2020 година максималните цени на  нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин  ЕУРОСУПЕР БС – 95  60,00(денари/литар).

Моторен бензин  ЕУРОСУПЕР БС -98  62,00(денари/литар).

Дизел гориво  ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)  53,00(денари/литар).

Масло за горење  Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)  52,50 (денари/литар).

Мазут М-1 НС 26,215 денари/килограм.

Сподели