ноември 28, 2022

Бугарските пратеници расправаат за доверба на Владата, пред парламентот протести

Во бугарскиот Парламент почна вонредната седница на која се расправа за доверба на Владата на премиерот Бојко Борисов, предложена од опозициската партија БСП поради неуспешната борба против корупцијата.

Ова е веќе петти пат пратениците да се изјаснуваат за третата влада на Борисов.

Во меѓувреме, пред зградата на Парламентот се собраа демонстранти кои бараат оставка на Владата, но и на јавниот обвинител Иван Гешев. Гласањето на пратениците за доверба на Владата треба да се одржи 24 часа по завршување на расправата.

Сподели