декември 7, 2022

Филипче: Можни се повторни рестрикции доколку болниците се преполнат

Венко Филипче

Министерот за здравство Венко Филипче, во изјава за Сител истакнал дека ние сме една од ретките земји која целиот овој изминат период има протоколи за функционирање на компании, бизниси, угостителски објекти, хотели, плажи, базени…информираат од Министерството за здравство.

„Тие протоколи се темелат на јасни епидемиолошки принципи. Задолжителното носење на маски, одржувањето на физичката дистанца… е единствениот начин со кој ние ќе излеземе од оваа здравствена криза. Ако се придржуваме до превентивните мерки, бројот на заболени ќе се намалува. Единствена дополнителна мерка како што е рестрикција во движење може да дојде предвид во даден момент, во случај на окупираност и пополнетост на болничките капацитети. Ние во овој момент немаме индикација за тоа. Не можеме да живееме затворени и со рестрикции. Епидемијата ќе трае и по пронаоѓањето на вакцината додека не се вакцинира доволен процент на населението“, нагласил Филипче, додавајќи дека имаме потпишано писмо до Светската здравствена организација да влеземе во планот за распределба на вакцините, тогаш кога ќе бидат на располагање.

Сподели