декември 7, 2022

Филипче бара од МВР и инспекторатите итна истрага околу работата на ноќните клубови

Министерот Венко Филипче бара МВР и надлежните институции итно да реагираат и спроведат истрага за работата на ноќните клубови.

 „Гледам фотографии на социјалните медиуми од журки и забави во повеќе градови без да се почитуваат протоколите и мерките за заштита од Ковид-19. Барам итно надлежните институции – МВР и надлежните инспекторати да спроведат истраги и да ги санкционираат овие собирања на недозволен начин! Младите мора во целост да ги почитуваат мерките за заштита од коронавирус, да се заштитат себе си и своите најблиски, да носат задолжително заштитни маски, да одржуваат хигиена и дистанца. Клучно е сите да ги почитуваат мерките за да се спречи ширењето на вирусот и секое непочитување на мерките да биде соодветно санкционирано.“, напиша на Фејсбук Филипче.

Во Струмица два дена по ред имало големи забави организирани во ноќен клуб во кој се собрале голем прој посетители без какво било запазување на здравствените протоколи.

Иако има забрана за работа на ноќните клубови, во Струмица во клубот „Аватар“ и во петокот и во саботата се одржале журки.

По првата забава во петокот, пазарниот инспекторат поднел кривична пријава, но и покрај тоа, синоќа се одржала нова забава со настап во живо.

Сподели