декември 7, 2022

Русија го гради автопатот „Европа-Западна Кина“

„Новиот пат на свилата“ долг 8,500 километри ќе создаде повеќе од 30.000 работни места само на градилиштата. Премиерот на Русија, Михаил Мишустин оцени дека овој проект „има посебно значење за целиот евроазиски простор“.

Во Русија започнува изградбата на автопатот Москва-Нижни Новгород-Казан, кој е дел од меѓународниот мега-проект „Европа-Западна Кина“, кој се реализира во соработка меѓу Русија, Казахстан, Белорусија и Кина. Премиерот на Русија, Михаил Мишустин оцени дека овој проект „има посебно значење за целиот евроазиски простор“. Должината на „Новиот пат на свилата“ е 8.500 километри. Повеќе од 2.000 од нив се на руска територија. Автопатот ќе обезбеди патување помеѓу осумте најголеми области на Русија – Москва, Самара-Тољати, Нижни Новгород и Казан.

Десетици илјади работни места

„Проектот дава регионален поттик за забрзување на развојот. Вкупниот раст на домашниот бруто-производ на овие територии ќе биде поголем од 500 милијарди рубли до 2050 година“, рече рускиот премиер Михаил Мишустин. Друг, не помалку важен аспект е создавање нови работни места. Според Мишустин, повеќе од 30.000 работни места ќе бидат создадени само на градилиштата, а уште 130.000 во сродни гранки. „Овие се гранки како што се автомобилската индустрија, нафтената индустрија, електрониката, транспортот, логистиката и други“, објасни премиерот.

Патувањето скратено на 10 дена

Со новиот пат од Казан до Москва ќе се стигнува за 6,5 часа со брзина од 130 километри на час. Сега има две рути од Европа до Кина кои се долги. Потребни се околу две недели да ае патува со воз, а преку море преку Суецкиот канал – скоро месец и половина. Автопатот Западна Европа-Западна Кина започнува во Санкт Петербург, води низ Москва-Нижни Новгород-Казан-Оренбург, а потоа преку територијата на Казахстан и Кина до градот Лијанјунг, на брегот на Жолтото Море. Должината на трасата е 8.445 километри, а „Новиот пат на свилата“ ќе го скрати патувањето со автомобил на 10 дена.

Сподели