ноември 28, 2022

Орбан: „Холанѓанецот“ одговорен за ќор-сокакот на самитот на ЕУ

Веќе трет ден по ред, водачите на Европската унија се обидоа да постигнат договор за планот за закрепнување на економијата на Унијата. Орбан со години стои “на главата” на ЕУ, заради како што многумина сметаат недемократското управување.

Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, денес го обвини холандскиот колега Марк Руте за ќор-сокакот на самитот на ЕУ, на кој лидерите се обидуваа три дена да постигнат договор за план за економско закрепнување за Унијата погодена од пандемијата на вирусот корона. „Не знам од која лична причина холандскиот премиер ме мрази мене или Унгарија, но тој напаѓа премногу силно“, им рече Орбан пред новинарите. „Не сакам да обвинувам никого, но Холанѓанецот е вистинскиот виновник за целиот неред“.

Орбан, десничарски националист, кој ги натрупа овластувањата во Унгарија од првата победа на изборите пред десетина години, за што со години е во судир со ЕУ околу.

Сподели