ноември 28, 2022

На истокот најголем број новозаболени има во текстилните фабрики

covid-19

Последните бројки покажаа дека во Штип има 272 активни случаи на заразени од ковид-19, а во Свети Николе 169. Само во Штип вчера се регистрирани нови 60 случаи. Од вчера на мапата на општини каде што има заразени од коронавирусот се запиша и Дојран. Инфективното одделение во Штип е преполно.

Ален Георгиев, директорот на болницата во Штип вели дека Инфективното одделение прави обиди да ги смести новозаразените, а веќе примените пациенти иако се со еден, па дури и со два позитивни теста, а имаат малку полесни клиничка слика, ги праќаат на домашно лекување и во самоизолација, само да се ослободи кревет за новите потешко заболени.

Во Штип кластерите главно се шират по текстилните фабрики. Од вчера нови две конфекции ја прекинаа работата. Со 868 заразени со коронавирус на 100.000 жители Штип има најголема стапка на болни во државата.

Во Светиниколската конфекција „Мода“ вкупниот број заразени работници изнесува 53 откри скринингот, кој го направи компанијата. Според здравствената состојба на заразените 80 отсто од нив се асимптоматски, додека потешки случаи се хоспитализирани во регионалните ковид центри во Штип и Велес.

Во Скопје, вчера од 73 регистрирани позитивни, над 30 се во една текстилна фабрика.

Сподели