ноември 26, 2022

Конте: Преговирите за ЕУ Буџетот и Планот за опоравување се практично прекинати

Состанокот на лидерите на земјите членки на ЕУ во полн состав беше прекинат.

Лидерите на ЕУ се обидуваат да се договорат за новиот седумгодишен буџет и планот за обновување ид последиците од пандемијата на корона.

Премиерот на Италија, Џузепе Конте рече дека на Самитот на Европската унија преговорите за пакетот за економско закрепнување од последиците од пандемијата COVID-19, односно донесувањето на буџетот за периодот 2021-2027 година, практично биле запрени. Конте ги сподели информациите од самитот преку видео-порака на неговиот профил на Фејсбук, јаву

Тој изјави дека самитот што траеше два дена во Брисел е потежок од очекуваниот. „Ние практично ги прекинавме преговорите. Ова покажува дека ситуацијата е посложена од очекуваната. Ние се обидуваме да најдеме синтеза и мора да ја најдеме, затоа што тоа им носи корист на сите“, рече Конте. Тој истакна дека нивните одговори на кризата треба да бидат сразмерни, подготвени, колективни и здрави. Тој додаде дека Холандија и некои други земји не го делат мислењето дека има потреба од ваков конзистентен одговор на оваа криза. „Сè уште има многу проблеми за кои зборуваме, но не можеме да најдеме решение во моментов“, рече Конте.

Сподели