ноември 28, 2022

Еруптираше вулканот Стромболи

ДВЕ моќни ерупции на вулканот Стромболи утрово разбудија многу жители на италијанскиот остров со истото име, јавуваат италијанските медиуми. Вулканскиот кратер исфрли вжештени карпи на околината, пишуваат медиумите, повикувајќи се на Националниот институт за геофизика и вулканологија. Нема повредени.

Стромболи е еден од најактивните вулкани во светот

“Околу пет наутро бевме разбудени од две гласни удирања кои нè исплашија многу. За среќа, ништо не се случи и сè е под контрола”, рече жител на селото Гиностра, јавува новинската агенција Анса. Стромболи е еден од најактивните вулкани во светот. Ерупција во јули 2019 година уби едно лице. Островот Стромболи се наоѓа на 65 километри северно од Сицилија и има неколку стотици жители.

Сподели