ноември 28, 2022

ДИК треба да решава по приговорите

Поднесени се вкупно 2.141 приговори за сумирање и утврдување на резултатите од гласањето на изборите

Сподели
 
 
 
   

До Државната изборна комисија вчера до 19.30 часот кога истече рокот поднесени се вкупно 2.141 приговори за сумирање и утврдување на резултатите од гласањето на изборите. ДИК треба да се произнесе по приговорите во рок од 72 часа.

Се очекува ДИК да закаже седница денеска, а најдоцна во понеделеник на која јавно ќе ги разгледа и ќе одлучува, по приговорите.

Вчера пред истекот на рокот 1.982 приговори поднеле од Левица, а Алијансата за Албанците која на изборите настапува во коалиција со Алтернатива вчера и завчера поднесе вкупно 151 приговори. Од приговорите два има и од ВМРО-ДПМНЕ кои се однесуваат на сумирањето на резултатите од гласањето. СДСМ, како што најави, не поднесе приговори за овие избори. До ДИК е поднсено и едно барање за увид во неважечките ливчиња од гласањето.Можеби ќе ве интересира

Прексиноќа во 21 часот, пак, заврши рокот за поднесување приговори за постапката за гласање.

Роковите за приговори почнаа да течат  откако ДИК попладнето на 16 јули ги објави неофицијалните конечни резултати од изборите.

Во меѓувреме, Државната изборна комисија вчера објави соопштение на својата веб страница со кое ги корегираше резултатите од предвремените Парламентарни избори одржани на 15 јули, објавени на 16 јули. Како што се наведува во објавениот Заклучок за исправка на технички грешки, вкупниот број на избирачи  кои гласале изнесува 943.750, што е за 1.416 повеќе од првично објавената бројка, а вкупниот број  неважечки гласачки ливчиња изнесува 31.564 или за 98 повеќе.

Сподели