ноември 27, 2022

ДИК отфрли 1478 од 1982 приговори на Левица

Државната изборна комисија експресно ги отфрли поголемиот дел од приговорите поднесени од “Левица”. Поточно, на денешната седница која започна во 18.30 часот, ДИК отфрли 1.478 приговори. Според ДИК, отфрлените приговори немале овластен потпис или печат.

На Левица и остануваат уште 504 приговори за кои од ДИК велат дека се уредно поднесени.

ДИК вечерва одлучува по 2.142 приговори поднесени за постапката за гласање и за сумирање и утврдување на резултатите од гласањето на предвремените парламентарни избори.

Вкупно 151 приговор поднесе и Алијансата за Албанците која на изборите настапува во коалиција со Алтернатива.

Од приговорите два има и од ВМРО-ДПМНЕ кои се однесуваат на сумирањето на резултатите од гласањето.

СДСМ, како што најави, не поднесе приговори за овие избори.

До ДИК е поднесено и едно барање за увид во неважечките ливчиња од гласањето. Подносителите на листите имаат право на жалба по одлуките на ДИК до Управниот суд

Сподели