декември 8, 2022

ДИК ги отфрли сите 2.142 приговори за изборите, од кои 1.982 од Левица

Државната изборна комисија ги отфрли сите 2.142 приговори поднесени од партиите за предвремените парламентарни избори, одржаните во средата. На денешната јавна седница на ДИК, членовите на комисијата утврдија дека 1.478 приговори од Левица немале потпис од овластениот претставник и немаат печат од подносителот на листата, додека за останатите 504 приговори поднесени од истата партија утврдија дека не се поткрепени со докази и текстот во образложението е ист за сите овие приговори.

За приговорите на Алијанса за Албанците и на Алтернатива, исто така,членовите утврдија дека не се поткрепени со докази, а исто беше и со приговорите на Демократи, СДУ, Интегра, МОРО Работничка партија и на ВМРО-ДПМНЕ.

Сега партиите имаат право за овие одлуки на ДИК да се жалат до Управниот суд.

Сподели