ноември 28, 2022

Велика Британија ги прекинува дневните статистички известувања за Ковид – 19, преувеличувани се бројките?

Владата на Велика Британија соопшти дека привремено го суспендира дневното известување за бројот на смртни случаи на коронавирус, откако владата одлучи да ја разгледа употребената методологија за добивање на податоците, сметајќи дека е можно дека бројот на загинати бил претеран.

Академиците тврдат дека начинот на кој Службата за јавно здравје на Англија (PHE), владината агенција надлежна за управување со епидемии на заразни болести, соопштува бројки на „ковид-19“ со кои ја нарушува реалната состојба во различни делови на Велика Британија. „Во моментов, во бројот на смртни случаи се вклучени сите оние кои биле позитивни за коронавирус и починале во меѓувреме (…) без да се наведе колку време поминало од тестирање до смрт“, рече министерот за здравство Мет Хенкок, објаснувајќи дека биле внесувани сите умрени иако поминале месеци од позитивниот тест на корона.

Различна методологија во другите делови на Велика Британија

Другите делови на Обединетото Кралство ги вклучуваат само оние снртни случаи кои починале во рок од 28 дена откако ќе бидат дијагностицирани позитивни на новиот коронавирус.

Велика Британија е една од најпогодените земји во Европа од новата епидемија на коронавирус, со 45.111 смртни случаи и е на второ место во светот во однос на смртните случаи на милион жители, зад Белгија.

Велика Британија во повеќе наврати предупредуваше дека земјите сметаат дека смртните случаи на коронавирус се водат на различни начини. Академиците објаснија дека според сегашната методологија, пациентите кои се позитивни на коронавирус и кои се опоравиле, се смета дека умреле од коронавирус „дури и ако имале срцев удар или биле прегазени од автобус неколку месеци по дијагнозата“.

Сподели