декември 6, 2022

Левица поднесе 425 пријави до ДИК за изборни нерегуларности

По бројните нерегуларности во процесот на броењето и сумирањето на резултатите од гласањето, како и по добиените информации за случени манипулации и нерегуларности, Политичката партија Левица преку овластеното лице досега поднесе 425 пријави за нарушување на изборниот процес до Државната Изборна комисија.

Овие пријави се однесуваат на голем дел од избирачки места од повеќе изборни единици каде набљудувачите на партијата, но и други лица кои непосредно беа сведоци на броењето на гласовите, ни дадоа информации за манипулации спроведени од страна на лица на ДИК.

Со овие манипулативни активности директно е оштетена Политичката партија Левица на која ѝ се скратени три пратеници, а директно е нарушено и правото на избор на граѓаните чии гласови не се правилно валоризирани.

Дополнително ја известување јавноста дека поднесувањето на приговори ќе продолжи и во текот на денот, се до завршување на законскиот рок од 48 часа.

Сподели