ноември 28, 2022

Левица поднесе 1.982 писмени приговори

Партијата “Левица” ја затрупа Државната изборна комисија со приговори за изборните резултати. Рокот за поднесување беше до 19.30 часот.

На десет минути пред истекот на законскиот рок, во архивата на ДИК, Левица ги поднесе своите 1.982 писмени приговори.

Рокот за решавање по приговори од страна на ДИК е 48 часа. Останува да видиме дали ќе можат да разгледаат толкав број на пријави.

“Ова го направивме за да си ги повратиме тројцата украдени пратеници”, изјави Димитар Апасиев.

Сподели