декември 7, 2022

Која е најзадолжената земја

Меѓу најзадолжените земји во светот се најде и нашиот јужен сосед. 

Најголем долг од сите држави во светот, во номинален износ, имаат САД. 

Но, ако се разгледува јавниот долг во однос на БДП, тогаш прва држава на оваа листа е Јапонија со удел на долгот од 283 отсто, според податоците на порталот  USDebtClock.org.Американскиот државен долг во моментов „тежи“ 26,5 илјади милијарди долари и процентуално одговара на износ од 100,5 отсто од БДП на земјата.

Националниот долг на Јапонија е повеќе од 12 илјади милијарди долари, а вредноста на БДП е околу 4,3 илјади милијарди долари, поради што се смета за најзадолжена земја на светот.

Кина, второто најголемо стопанство во светот што вреди приближно 13,7 илјади милијарди долари, има долг од околу 7,3 илјади милијарди долари, што сочинува 53 отсто од БДП.

Во Европа најмногу должи Грција. Нејзиниот долг е нешто помалку од 450 милијарди долари, или 220 отсто од БДП.

Сподели