ноември 28, 2022

До ДИК поднесени 82 приговори

До Државната изборна комисија (ДИК) попладнево, покрај веќе поднесените пет, пристигнале уште 77 приговори за изборите.

Од нив, како што информираат од ДИК, 74 се од Алијанса за Албанците, еден е од Глас за Македонија, додека два се од ВМРО-ДПМНЕ.

ДИК не прецизира на што се однесуваат приговорите од Алијанса за Албанците, но оние од ВМРО-ДПМНЕ вели дека се за сумирање на резултатите.

Приговори за постапката на гласање можеа да се поднесуваат до 21 часот синоќа, додека за сумирањето и утврдувањето на резултатите до утре до 19 часот и 30 минути.

Роковите почнаа да течат синоќа, кога беа објавени неофицијалните конечни резултати.

Сподели