октомври 29, 2020

Тасевски за нападите кон Апасиев: Фашизмот и национализмот во Македонија го создавате ВИЕ лично

Еве да им одговорам и на армијата проевропски либерали петоколонаши и граЏани на европска С****** Македонија, кои толку лесно некому лепат етикети дека е фашист, националист, сељак, стока, вол, КОЊ и други домашни животни.

Фашизмот и национализмот во Македонија го создавате ВИЕ лично. Знаете како?

Без согласност на мнозинството Македонци им го сменивте името. Тргувате со нивниот јазик и историја. Го згазивте АСНОМ. Воведовте двојазичност на цела територија. Создавате бинационална држава во која, мнозинскиот народ, оној според чии идеали е создадена оваа држава, секојдневно го притискате да прифати непостоечки идентитет. И секој обид кога ќе покаже желба да си го брани оној исконскиот, својот, македонски, му се заканувате со тужби, го кодошите во Брисел, го етикетирате пред светот како малоумен и националистички. Во исто време на малцинскиот народ му се смешкате и му дозволувате секаков националистички испад.

Создавате апартхејд во кој национално свесното мнозинство Македонци го туркате на маргините, го држите во страв и му лепите страшни етикети за да биде презрено од светот.

Оваа ваша антинационална стратегија, мое лепо проевропско политички коректно либерално граѓанство, еден ден, неизбежно ќе роди фашистичка и националистичка партија, која мнозинството понижени Македонци ќе ја прифатат со радост. Зашто ќе знаат дека се сами и незаштитени.
Вие пак јадете бурек и правете се интелектуални и либерални. Токму вие, несвесно го раѓате идниот македонски екстремизам. Ај сега у Брисел, пренесете ја објавава. Одма. Слуги поданички.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •