декември 7, 2022

Таравари: Доколку денеска се направи попис, ќе излезе дека има повеќе гласачи на ДУИ отколку луѓе што живеат во одредени места.

Шефот на изборниот штаб од Алијансата за Албанците Арбен Таравари во изјава за новинската агенција ИНА вели дека ќе достават десетици приговори до Државната изборна комисија за гласањето во Долнени, Пласница, Битола и во Кичево.

„Имаме чисти случаи на изборен фалсификат кој се случуваше од 19 часот до 21 часот. Токму во тој момент се прави несфатливата разлика во резултатите. Местењето придонесе во Долнени ДУИ да добие 2200 гласа а ние само 200, во Пласница, резулатот е 2000 за нив 100 за нас, што е надвор од умот. Има навистина многу вакви случаи. Ова се случува во Кичево. Разликата е толкава што се коси со здравиот разум. Или на одредени избирачки места во Битола, каде има многу малку или воопшто нема гласачи Албанци а ДУИ има стотици гласови. ‘Силувањето’ на гласовите е практика која ДУИ ја повторува во секој изборен циклус. Тоа е знак за тоа колку сме далеку од демократија“, вели Таравари.

Според него, доколку денеска се направи попис, ќе излезе дека има повеќе гласачи на ДУИ отколку луѓе што живеат во одредени места.

Сподели