ноември 28, 2022

Заев заминува на одмор, за нова Влада ќе преговара по Илинден

Иднината е обезбедена, државата продолжува на вистинскиот пат, уште подобро и уште повеќе, велат од СДСМ од каде додаваат дека на изборите граѓаните масовно го поддржале концептот на коалицијата „Можеме“.

„Мандатот за составување на следната, уште поодговорна и уште поотчетна Влада, е кај Зоран Заев – следниот премиер на Република Република Македонија“, стои во партиското соопштение.

Од СДСМ истакнуваат и дека во деновите до и околу Илинден граѓаните ќе може да здивнат од политичките активности на партиите.

„По Илинден, согласно законските рокови, влегуваме во процес на дефинирање на владината коалиција, водена од СДСМ. Законските рокови ќе бидат целосно запазени, државата ќе добие функционални и легитимни институции“, порачуваат од партијата од каде ја информираат јавноста и дека претседателот Заев од утре ќе користи неколку денови годишен одмор кој ќе го мине во државата.

Сподели