декември 7, 2022

ДИЖС сè уште не знае кој го загади Вардар

Државниот Инспекторат за животна средина (ДИЖС) сè уште не знае кој го загади Вардар, кога речните води се обоија во црвено-кафеави нијанси во близина на скопската населба Лисиче.

4_resize

ДИЖС соопшти дека по добиена дојава за загадување на Вардар со боја во близина на Бетонската база -Бетон, направиле увид на посочената локација и земале мостри за хемиска анализа од отпадната вода што излегува од колекторот, кои се однесени во акредитирана лабораторија и е во тек нивно испитување.

3_resize

Во целост ви го пренесуваме соопштението на ДИЖС:

ДИЖС на ден 15.07.2020 година,по добиена дојава за загадување на река Вардар со црвена боја во близина на Бетонската база -Бетон,излезе на увид на посочената локација и со непосредниот инспекциски надзор утврдена е следната фактичка состојба.

Отпадната вода од колекторот која се влива во река Вардар беше со видлива црвена боја.Поради овој факт веднаш се земени мостри од отпадната вода што излегува од колекторот за хемиска анализа. Земените мостри се однесени во акредитирана лабараторија и е во тек нивно испитување.

Истовремено извршен е вонреден инспекциски надзор кај правниот субјект Либерти АД-Скопје,ул.16 Македонска бригада б.б.и се утврди следната фактичка состојба.

Во момент на надзорот погонот Лужилница не  беше во работен режим,односно производниот процес беше целосно сопрен.Погонот е запрен со работа на ден 10.07.2020 година во вечерните часови.При увид во пречистителната станица  утврдено е дека во истата доаѓа отпадна вода од Погон за пластифицирање на лим,и од пречистителната станица истекуваа 210 литри/час отпадна вода која е безбојна.

Исто така се изврши визуелен увид и во пречистителната станица на Макстил АД-Скопје,и од истата истекуваше безбојна отпадна вода од 100 м3/час.Значи, од извршените увиди и кај двата погоре споменати субјекти нема забележано појава на истекување на црвена отпадна вода.

Сподели