декември 7, 2022

Дерковски: Поради истрагата нема да се ажурира страницата на ДИК

Трет ден не функционира интернет страницата на Државната изборна комисија на која треба да се следат изборните резултати. Од Државната изборна комисија велат дека сајтот не е во функција по хакерскиот напад, а поради истрагатата која ја води МВР на овој сајт повеќе нема да се прикачуваат информации поврзани со изборите.

– Поради истрагата на МВР, овој сајт нема да го ажурираме, туку изборните податоци ќе ги објавиме на табела – изјави претседателот на ДИК Оливер Дерковски

Сподели