декември 8, 2022

Први неофицијални резултати од ДИК, Можеме тесен победник

Коалицијата „Можеме“, предводена од СДСМ, според првичните неофицијални резултати од ДИК, освои тесна победа на предвремените избори што се одржаа вчера. 

Според Државната изборна комисија, „Можеме“ имаат 46 мандати, два повеќе од ВМРО ДПМНЕ и коалицијата, кои освоија 44 пратенички места, ДУИ 15, Алијанса 12, Левица 2, ДПА 1 мандат. 

ДИК најави дека попрецизни информации за распределбата на мандатите која се врши според Донтовиот модел, ќе соопшти денеска.

Процентуално, СДСМ и коалицијата освоиле 36,12% од гласовите, ВМРО ДПМНЕ и коалицијата 34,85%, ДУИ 11,3%, Алијанса 8,52%, Левица 4,17%…

Сподели