ноември 28, 2022

Недопустлив е ваков крах на системот на ДИК

А што очекувате вие од несериозни фирми кои немаат основни познавања за софтверска заштита?

Сподели
 
 
 
   
Роберт Милески

Основно правило на користење на сервисот cloudflare е да не може да се открие вистинската IP-адреса на сајтот што ги опслужува информациите. Е арно ама, погрешните сетирања од нестручни лица доведуваат до ваков крах. Јас веднаш им ја најдов адресата.

А сигурно и самиот сервер во позадина нема соодветна заштита, ниту резервен бекап. И чисто се сомневам дека користеле некоја од новите технологии, како микросервис архитектури преку “серверски фарми”, кои автоматски стартуваат нови сервиси во зависност од бројот на корисници во одреден момент, за да може да се опслужат сите.

Сериозна компанија претходно прави симулации на “издржливост” на системот при голем број побарувања од многу корисници, а се ангажираат и други фирми кои ќе извршат “security audit”, односно второ мислење за поставеноста на сигурносните системи.

Инаку кога изработуваме специфичен софтвер за други фирми, сите права се префрлуваат на корисникот. Фирмата изведувач нема право да се рекламира преку софтверот, оти тој не е нивна сопственост. А синоќа насекаде по сајтот на ДИК го забележав името Дуна Компјутери. Тоа е недопустливо!

Сподели