ноември 27, 2022

До 31 јули нема патување во Грција за македонските граѓани

Грција го продолжи до 31 јули 2020 година привременото ограничување на сите авионски, железнички и копнени поврзувања со Македонија, како и забраната за влез на грчка територија на лица од Македонија, јави МИА од Атина.

Сподели
 
 
 
   
гужви на граница

Ограничувањата се „од превентивни причини за заштита на јавното здравје од дополнително ширење на коронавирусот ковид-19 на грчка територија за временскиот период од 16 до 31 јули.

Одлуката е потпишана од министрите за здравство, за транспорт и инфраструктура и за поморство, а се однесува на Македонија, на Албанија и на Турција, а вчера беше објавена во Службен весник на Грција и денеска стапува во сила.

Забраната не се однесува на: грчки државјани, на лица кои имаат дозвола за престој и лица кои живеат во Грција, како и за транспорт на стоки, за влез на лица за апсолутно неопходни професионални причини, но и за транзит на болнички возила кои од Косово преку Македонија влегуваат во Грција за хоспитализирање на пациенти кои припаѓаат на дипломатскиот, воениот или административниот персонал на земјите членки на ЕУ и EULEX на Косово. 

Сподели