ноември 27, 2022

ДИК: СДСМ во водство од еден процент пред ВМРО-ДПМНЕ

Државната изборна комисија ги објави резултатите од 65 отсто изброени гласови.

Според овие информации, СДСМ е во водство со 36,79 отсто од гласовите, а ВМРО-ДПМНЕ има 35,75 проценти.

ДУИ води во албанскиот блок со 10,31 отсто, а Коалицијата меѓу Алијанса на Албанците и Алтернатива освоила 8,13 проценти од гласовите.

Потоа следуваат Левица со 4,16 отсто, Интегра со 1,33 и ДПА со 1,33 проценти. Сите останати листи досега освоиле помалку од 1 процент.

Во ИЕ1 СДСМ и „Можеме“ има 33,9%, ВМРО-ДПМНЕ и „Обновата“ 31,25%, ДУИ 12,65%, Алијанса и Алтернатива 8,68%, левица 7,71%

Во ИЕ2 ВМРО-ДПМНЕ 35,71%, СДСМ има 33,91%, ДУИ 10,55%, Алијанса за Албанците и Алтернатива 10,15% и Левица 4,24%

Во ИЕ3 ВМРО-ДПМНЕ има 47,09%, СДСМ 42,82%, Левица 4,39%, Интегра 1,55%, ДУИ 1,44%

Во ИЕ4 СДСМ 46,39%, ВМРО-ДПМНЕ 45,67%, Левица 3,95%, Интегра 1,61%

Во ИЕ5 СДСМ има 37,41%, ВМРО-ДПМНЕ 35,85%, ДУИ 12,89%, Алијанса и Алтернатива 7,15%, Левица 3,17%

Во ИЕ6 ДУИ има 29,24%, Алијанса и Алтернатива 27,45%, СДСМ 21,16%, ВМРО-ДПМНЕ 13,63%, ДПА 6,54

Сподели