ноември 28, 2022

ДИК конечно ги објави прелиминарните резултати

Државната изборна комисија ги објави неофицијалните конечни резултати од предвремените парламентарни избори, што се одржаа вчера во земјава.

Коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ освои 46 мандати, ВМРО-ДПМНЕ и други 44 мандати, Демократската унија за интеграција (ДУИ) освои 15 мандати, Алијанса за Албанците и Алтернатива – 12, Левица два мандати и ДПА еден мандат.

Врз основа на податоците од записниците на општински изборни комисии, и целокупниот материјал ДИК утврди дека вкупен број на избирачи е 1.814.236. Гласале 942.334. Вкупен број 31.466 неважечки ливчиња.

Број на гласови на ниво на цела држава:

Коалицијата Можеме на СДСМ – 327 329

Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ – 315 344

ДУИ -104 587

Алијанса на Албанците- 81 297

Левица – 37 551

ДПА – 13 891

Резултати по изборни единици:

Изборна единица 1

Коалиција СДСМ 54578 гласови 8 пратенички места
Коалиција ВМРО-ДПМНЕ 50564 7
ДУИ 19672 2
АА 14143 2
ЛЕВИЦА 12124 1
ДПА 1964

Изборна единица 2

Коалиција СДСМ 47852 7
Коалиција ВМРО-ДПМНЕ 47929 7
ДУИ 22078 3
АА 20783 3
ЛЕВИЦА 5896
ДПА 1821

Изборна единица 3

Коалиција СДСМ 66853 9
Коалиција ВМРО-ДПМНЕ 71551 10
ДУИ 3331
АА 992
ЛЕВИЦА 6939 1
ДПА 242

Изборна единица 4

Коалиција СДСМ 77195 10
Коалиција ВМРО-ДПМНЕ 74478 10
ДУИ 293
АА 213
ЛЕВИЦА 6836

Изборна единица 5

Коалиција СДСМ 56622 8
Коалиција ВМРО-ДПМНЕ 55159 8
ДУИ 21745 3
АА 10716 1
ЛЕВИЦА 4715
ДПА 781

Изборна единица 6

Коалиција СДСМ 24229 4
Коалиција ВМРО-ДПМНЕ 15663 2
ДУИ 37468 7
АА 34450 6
ЛЕВИЦА 1041
ДПА 9083 1

Сподели