декември 8, 2022

Телефонски разговор Трамп – Ердоган

Претседателите на Турција и на САД разговараа за билатералните односи и регионалните прашања. Лидерите на двете држави се согласија за поблиска соработка со цел да се постигне трговски обем од 100 милијарди долари.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во вторникот разговараше телефонски со американскиот претседател Доналд Трамп. Турската канцеларија за комуникации соопшти дека се разговарало за билатералните односи и регионалните прашања, вклучително и кризата во Либија.

Двајцата лидери исто така имаат заеднички став за прашањето за постигнување трајна стабилност во Либија.

Сподели