ноември 27, 2022

Предвремени парламентарни избори: Зад параванот сте сами, гласајте по свое сопствено убедување

избори 2020

Зад параванот на гласачкото место сте сами! Таму гласате по свое лично убедување и никој не смее да ви се заканува и да ве уценува.

По процесот за идентификација ќе добиете гласачко ливче и пенкало, со кои се упатувате зад параванот.

Таму ја заокружувате опцијата која сте ја избрале и никој не може да дознае за кого вие сте гласале.

Затоа, ако сте биле мета на закани и уцени од некои страни, бидете свесни дека никој не ви може ништо. Дека само вие знаете на кој начин сте го оствариле своето избирачко право.

Нарушувањето на тајноста на гласањето е кривично дело во Република Македонија. Со Уставот на Република Македонија се гарантира правото на тајност на гласачите.

Предвремени парламентарни избори 2020

На 3.390 избирачки места на десеттите предвремени парламентарни избори можат да гласаат 1.814.263 граѓани запишани во Избирачкиот список.

Гласањето на овие парламентарни избори поради актуелната пандемија на КОВИД-19 првпат ќе се одвива три дена.

На изборниот ден, 15 јули, избирачките места ќе бидат отворени во седум часот, а гласањето ќе трае до 21 часот, два часа подолго од вообичаеното на претходните избори, кога гласачките места се затвораат во 19:00 часот.

По затворањето на избирачките места ќе можат да гласаат само лицата што во тој момент се затекнале во објектот каде што се гласа.

Сподели