ноември 26, 2022

Нова туристичка понуда во Струга

Со особено задоволство ви ја претставуваме новата понуда на спортско-рекреативниот клуб Соларис- Струга.

Кајакарски Спуст по Црн Дрим со должина од 19,5 км.


Запознајте ги убавините на реката Црн Дрим по целото негово течение до Глобочичкото Езеро, поминуваќи низ дивата и недопрена природа покрај струшките села Мороишта, Враништа, Добовјани, Ташмаруништа и прекрасното Глобочица до кое се стигнува исклучиво по воден пат, придружувани од водач и спасител на вода, како и целосна логистичка поддршка за време на спустот.
Цената на целиот аранжман е 3000 денари а истиот содржи:

  • Изнајмување на висококвалитетен кајак и весло
  • Кратка обука за веслање на кајак
  • Транспорт до местото на впловување и од местото на завршување на спустот
  • Ангажирање на водач
  • Ангажирање на спасител на вода и логистика
  • Сместување (ноќевање) во камп Скаут-Струга

Спортско – рекреативниот клуб Соларис е на фејсбук:

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=3309304012470840&id=100001738216937

Сподели