ноември 28, 2022

Излезност до 11 часот

Според податоците на ДИК, највисока е излезноста во Изборната единица 1, 16,56 отсто, во ИЕ 4 – 16,41 отсто, во ИЕ 3 – 15,96 %… Најниска е излезноста во Изборната единица 6 – 7,63 %.

До 11 часот на гласање излегле199.495 граѓани, соопшти на прес-конференција претседателот на ДИК Оливер Дерковски.

Право на глас на предвремените парламентарни избори имаат еден милион 814 илјади и 613 гласачи во шест изборни единици. 

Сподели