ноември 27, 2022

Известување од Државниот Инспекторат за животна средина

ДИЖС- напрвена инспекциска контрола заради обојување на водите на р. Вардар

По добиена дојава за обојување на водата во река Вардар кај мостот „Близнаци“, државните инспектори за животна средина веднаш излегоа на терен. При тоа, направена е инспекциска контрола во двата правни субјекти: Либерти Скопје и Макстил АД, кои се наоѓаат во комплексот на бивша Желазара и за кои инспекторирањето е во надлежноста на Државниот инспекторат за животна средина.

Направен е комплетен увид, како и контрола на пречистителните станици на двата правни субјекта.

Увид е направен и на местото каде колекторот се влева во реката Вардар и од таму се земени мостри кои ќе се дадат на анализа во акредитирана лабораторија.

Инаку, ниту Либерти Скопје, ниту Макстил АД немаат пријавено било каква хаварија, а при увидот во пречистителните станици не е забележано обојување на отпадните води.

Сподели