декември 8, 2022

“Брзата мода” пред пропаст

По 20 години огромен профит, таканаречената „брза мода“ претрпува огромни загуби, па дел од производителите како што се шведски „H&М“, шпанска „Зара“, „Pull&Bear“ и „Страдивариус“ се принудени да затворат илјадници продавници ширум светот. Без работа остануваат и во развиените држави и работниците во сиромашните земји, објави „Хафингтон пост“.

Според проценките на „Бизнис и мода“ (The Business & Fashion), глобалната индустрија за мода, облека и чевли, која на годишно ниво заработуваше 2,5 милијарди долари, ќе бележи меѓу 25 и 30 отсто загуби поради кризата што ја предизвика пандемијата на Ковид-19. Кон тоа се додава и фактот дека глобализираната евтина мода се произведува во оддалечени делови на светот, што за време на пандемијата на коронавирус придонесе за нарушување во комуникацијата.

„Ковид-19 откри само проблеми во производство на брза облека каде не им оди добро веќе долго време. Има премногу производство што не е одржливо за планетата, изјави Данило Вентури, директор на Меѓународниот институт за моден дизајн и маркетинг „Полимода“, за „Бизнис и Мода“.

Сподели