декември 8, 2022

Чулев потврди: Распишана е потерница за Владимир Панчевски

Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев на денешната прес-конференција потврди дека поранешниот претседател на Основниот кривичен суд во Скопје, Владимир Панчевски се бара со потерница. Полициските службеници три пати не го нашле Панчевски на адресата која била оставена на решението за приведување, па сега надлежните проверуваат дали тој ја напуштил државава.

Сподели
 
 
 
   

“Распишана е потерница по Владимир Панчевски, а се проверува дали ја напуштил државата. Полициските службеници во три наврати не го најдоа на посочената адреса“, рече Чулев на прашањето за поранешниот претеседател на Основниот кривичен суд, Панчевски. 

Од МВР вчера дека постапувајќи по судска наредба на 10 јули, 2020 година не го пронајде на наведената адреса која е напишана во наредбата, по што е испратено известување за распишување на потерница за Панчевски.

Основниот суд Велес, на поранешниот претседател на Кривичниот суд Скопје, Владимир Панчевски му одреди 30 дена притвор поради отсуство на рочиштето за судскиот предмет „АКМИС”, во кој е обвинет.

Судењето за овој предмет за злоупотреба на „АКМИС” системот требаше да почне есента, но досега овој судски процес не е започнат.

Сподели