декември 8, 2022

Трамп излажал 19.127 пати за 3,5 години на власт

Повеќе не е прашање дали претседателот Трамп ќе надмине 20,000 изречени лаги или изјави кои не соодествуваат со вистината до крајот на неговиот мандат кој истекува годинава. Вистинското прашање е дали тој ќе достигне 25.000, пишува „Вашингтон пост

Заклучно со 29 мај, на неговиот 1.222-ри ден на должност, Трамп изрекол 19.127 лажни или погрешни тврдења, според базата на податоци на „-факт-чекерот“ што ја анализира, категоризира и следи секоја изјава за која постои сомневање. Тоа се во просек 16 невистинити тврдења на ден во текот на неговото претседателство.

Оваа година, Трамп го „подигна нивото“ па во просек има има нешто над 22 лажни тврдења на ден, темпо што го постави во 2019 година.

До крајот на неговиот тековен мандат има уште 235 дена што значи дека тој може да ја достигне цифрата од 25.000 проблематични изјави.

Најповторувана лага на Трамп за време на неговото претседателство – 360 пати – е дека „денес американската економија е најдобра во историјата“. Тој започна да се фали за тоа во јуни 2018 година и брзо го претвори во една од неговите омилени фрази.

Сподели