ноември 27, 2022

Определен притвор за градоначалникот на Василево заради изборен поткуп

Полицијата трага по градоначалникот на општина Василево, Марјан Јанев и по лицето Лазо Кутуровиќ – Д’лгио поради давање на предизборен поткуп во Василево и во општините кои гравитираат околу Струмица.

Неофицијално, Јавен обвинител веќе побарал мерка притвор за двајцата. Според информациите, полицијата испратила покани до двајцата, но ниту еден не бил пронајден на нивните домашни адреси.

Пред неколку дена на социјалните мрежи се појави аудио снимка на која може да се слушне гласот на градоначалникот на Василево Марјан Јанев, како заедно со градоначалникот на Дојран делат предизборен поткуп и ветувања.

Сподели