декември 8, 2022

Неповолни деловни тенденции во преработувачката индустрија

Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во јуни 2020 година е намален за 0.8 процентни поени во однос на мај 2020 година и изнесува 12.2, а во однос на јуни 2019 година е намален за 9.1 процентeн поен.Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во јуни 2020, во однос на мај 2020 година, е понеповолна, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се понеповолни во однос на претходниот месец, а залихите на готовите производи се намалени.Оценката за економската состојба на деловните субјекти во јуни 2020 година е понеповолна во однос на претходниот месец, а понеповолна и во однос на јуни 2019 година. Се очекува бројот на вработените да се зголеми.Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во јуни 2020 година изнесува 65.5 % од нормалното искористување.Најголемо влијание врз ограничувањето на обемот на производството имаат следните фактори: недоволната странска побарувачка со 20.6 %, недостигот на квалификувана работна сила со 17.0 %, неизвесното економско опкружување со 16.5% и недоволната домашна побарувачка со 13.1%.
Извор: Државен завод за статистика

Сподели