декември 8, 2022

На денешен ден пред 4 години

Еврообврзницата е одложена поради противењето на СДСМ. Претходно, Меѓународниот монетарен фонд најави дека го повлекува постојаниот претставник од Македонија, а Европската комисија скрати и дел од ИПА фондовите. Сето ова е опомена за власта од меѓународните финансиски пазари, велат аналитичарите.

Неименуваниот член од СДСМ во писмото истакнал дека издавањето на еврообврзницата, доколку се оствари, ќе биде сериозно прекршување  на закони и регулативи во Македонија.

“Ќе се бориме за секој денар, за сите граѓани, за Македонија” истакнаа од СДСМ.

Според Владата, пишува Ројтерс, овој допис е политички мотивиран и нема законска основа за оспорување на надлежноста и издавањето на обврзницата.

Вака беше пред 4 години. Во овие 4 години од страна на Владата на СДСМ беа издадени 2 еврообврзници и тоа:

  1. Во 2018 година беше издадена еврообврзница во износ од 500 милиони евра;
  2. Минатиот месец беше издадена еврообврзница во износ од 700 милиони евра исто така во предвечерие на изборите.

Заклучок: Овој пат СДСМ не се соочи со никакви опструкции од опозициската ВМРО ДПМНЕ. Не било сепак до заштита на граѓаните, туку кој ќе ја земе и троши еврообврзницата.

Парите се како дрога, посебно туѓите.

Сподели