декември 8, 2022

Насер Зибери одеднаш оздраве, тврди дека не е позитивен на ковид-19!?

Насер Зибери

Насер Зибери, за кој медиумите објавија дека е позитивен на ковид-19, предмалку објави дека не е заразен од коронавирусот.

На својот фејсбук профил тој објави:

„ Почитувани. Ви благодарам многу за масовната грижа и поддршка, јас сум потполно здрав и добар, подготвен за новите предизвици. Ве молам да ги користете вашите телефони за разговори со семејството, пријателите, најблиските и соработниците, а не за ниска клевета, црна кампања и пропаганда на ден пред изборите затоа што не ве вреднува. Јас не сум позитивен во ковид-19 и утре во 10:00 часот ќе го искористам своето право на глас и ве повикувам сите да гласате и да не станете жртви на злонамерна пропаганда. Им посакувам здравје на сите и брзо закрепнување на сите заразени“,

напиша Зибери на својот Фејсбук профил.

Сподели