декември 8, 2022

Туризмот во нок-даун

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во мај 2020 година изнесува 838, а бројот на ноќевањата изнесува 4 946.Бројот на туристите во мај 2020 година, во однос на мај 2019 година, е намален за 99.2 %, а бројот на ноќевањата е намален за 97.6 %.


Бројот на домашните туристи во мај 2020 година, во однос на мај 2019 година, е намален за 97.8 %, а бројот на странските туристи е намален за 99.7 %.Бројот на ноќевањата на домашните туристи во мај 2020 година, во однос на мај 2019 година, е намален за 96.7 %, а бројот на ноќевањата на странските туристи е намален за 98.0 %.


Во периодот јануари ‒ мај 2020 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е намален за 63.2 %, и тоа: кај домашните туристи има намалување за 58.2 %, а кај странските има намалување за 65.6 %. Во периодот јануари ‒ мај 2020 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е намален за 62.3 %, и тоа: кај домашните туристи има намалување за 56.0 %, а кај странските има намалување за 66.0 %.

Извор: Државен Завод са статистика

Сподели