декември 8, 2022

Приведен директорот на ЗОО Галетановски поради Фејсбук објавата да се шкртне ,,Северна” од гласачкото ливче

Ѓорѓи Галетановски, директорот на Зоолошката градина Скопје попладнево бил приведен во Секторот за економски  криминал поради објава на неговиот профил на социјалната мрежа Фејсбук.

Објавата денеска наголемо се споделува на социјалните мрежи, а во неа, на комичен начин се повикуваат гласачите кои сакаат да гласаат за одредена партија, да го шкрнат името “Северна” од гласачкото ливче.

Галетановски еден час давал исказ во полиција по пријавата од анонимно лице. Тој после исказот бил ослободен.

Сподели