ноември 26, 2022

Претседателски избори во Полска

Гласачите избираа меѓу градоначалникот на Варшава, Рафаш Трзасковски и сегашниот претседател Анджеј Дуда. Актуелниот конзервативен претседател Анджеј Дуда и либералниот градоначалник на Варшава, Рафал Трзасковски, водат мртва трка во вториот круг од претседателските избори во Полска, вчера, покажаа излезните анкети. Дуда, сојузник на владејачката конзервативна партија за правда (ПИС), освои 50,4 проценти од гласовите, според излезните анкети на Ипсос, додека Трзасковски, лидер на центристичката опозициска Граѓанска платформа, освои 49,6 проценти.

Маргината на грешка во излезната анкета е два проценти, така што сè уште е рано да се зборува за победник на изборите. Првите официјални резултати се очекуваат во понеделник наутро. Право на глас имаа околу 30 милиони луѓе, што вклучува 500.000 Полјаци во странство. Голем дел од нив гласаа преку кореспонденција, поради ограничувањата воведени поради пандемијата на вирусот корона.

Во првиот круг на изборите, одржани пред две недели, излезноста беше 64,5 проценти, што е највисока во последните 25 години. Поради пандемијата на вирусот корона, гласањето се одвиваше под рестриктивни мерки. Имаше ограничен број на луѓе кои можеа да бидат на гласачките места, а гласачите мораа да одржуваат растојание од два метра и да носат заштитни маски.

Во првиот круг на изборите пред две недели, Дуда освои 43,50 проценти од гласовите а Трзасковски 30,46 проценти. Улогата на претседателот во Полска е претежно церемонијална, но тој има вето за законите донесени од парламентот.

Две лица на длабоко поделена Полска

И двајцата 48-годишници, студенти на елитни училишта и универзитети, и по потекло од големите градови, Варшава и Краков, Дуда и Трзасковски претставуваат за гласачите две лица на длабоко поделена Полска – конзервативна со широка и масовна социјална програма, поради судските и медиумските реформи во судир со Европската Унија, со потпирање на САД отелотворени во сегашниот претседател Анджеј Дуда, и либералите кои се проевропски за независни институции и медиуми, чие лице е градоначалникот Рафал Трјасковски.

Сподели