декември 8, 2022

Лековите и вакцините треба да бидат бесплатно достапни за сите

Бил Гејтс порача дека лекот и вакцината против коронавирусот треба да бидат достапни на луѓето на коишто им се потребни, а не само за оние кои ќе платат повеќе.

„Ако дозволиме лековите и вакцините да бидат достапни само за богатите наместо на оние на кои им се потребни, тогаш пандемијата ќе трае многу подолго и ќе биде посмртоносна“, вели Гејтс.

Фондацијата на Бил и Мелинда Гејтс одвои 250 милиони долари за борбата против коронавирусот, за дијагностика, терапија, развој на вакцина и ублажување на економските последици.

Бил Гејтс пред 5 години предупреди дека светот може да се соочи со пандемија.

Сподели