декември 8, 2022

Излетнички места или депонии?

Ова е сликата по викендoт на едно од омилените излетнички места на скопјани, Марков Манастир.

Пластички шишиња, чинии, лименки, кеси… Наместо во контејнер на Скопјани полесно им ѓубрето да го фрлат на земја.

Мештаните велат дека сликата е ваква после секој викенд, особено во лето кога голем број граѓани викендите ги поминуваат на пикник покрај Маркова Река. Дел од ова ѓубре не останува на едно место бидејќи кучињата скитници, но и добитокот знаат да го разнесат наоколу.

-Цело лето кога ќе дојдеш, има ѓубре. Го земаат со камион и го носат ама многу е доцна и секогаш има ѓубре. Многу доцна, по месец два, вели Даут Идриз, локален жител.

Од општина Студеничани велат дека веќе е испратена екипа која ќе го исчисти ѓубрето.

-Во Маркова Сушица имаме поставен голем контејнер каде редовно се подигнува ѓубрето кое се собира и се носи во депонијата Дрисла. Секои две недели организираме собирање на сметот што се остава од луѓето кои одат на пикник, велат од општина Студеничани.

Ѓубрето кое несовесните граѓани го оставаат на земја им прави проблем и на локалните сточари. Често пати се случува добитокот да се затруе од пластиката.

Прилог на Сител ТВ

Сподели