ноември 27, 2022

Во Косово влез само со негативен ПСР тест

Граничен премин Грција

Владата на Косово донесе одлука граѓаните кои влегуваат во Косово од Македонија, Босна и Херцеговина и Црна Гора да достават негативен тест за коронавирус, не постар од 72 часа.

Исклучок од оваа одлука се сите граѓани од овие земји, откако ќе влезат преку меѓународниот аеродром „Адем Јашари“ да не треба да имаат сертификат за ПЦР тест, но ќе мора да потпишат изјава во која се вели дека во рок од три часа ќе заминат од територијата на Република Косово.

Превозниците кои влегуваат во Косово од овие земји не треба да презентираат сертификат за тест, но задолжително треба да ги почитуваат протоколите за меѓународен транспорт. И организираниот превоз со автобуси или редовни меѓународни линии за транзит од овие земји, не треба да имаат сертификат за тест, но ќе потпишат изјава со која се обврзуваат да ја напуштат територијата на Република Косово во рок од пет часа.

Сподели