ноември 28, 2022

Симон Трпчески и пријателите на ново ЦД – МАКЕДОНИСИМО

Албумот „Македонисимо“ ќе биде објавен на 28 август. Излегувањето на материјалот е најавено со синглот „Не си го продавај, Кољо, чифликот“ (Омаж за Брамс).

Како што вели во изјавата за македонските медиуми Симон Трпчески, „албумот прикажува фузија на фолк и класична музика која ги дефинира неверојатните ритми и прогонувачки мелодии на мојата татковина Македонија“.

По идеја на Симон Трпчески, композиторскиот потпис е на нашиот истакнат автор Панде Шахов, а во изведбата учествуваат и Александар Краповски на виолина, Александар Сомов од Бугарија на виолончело; на кларинет, саксофон и на кавал Хидан Мамудов, а зад ударалките е Влатко Нушев.

Светската премиера на проектот се случи на Фестивалот во Лудвигсбург, Германија во мај 2017 година. Веста за новиот креативен подвиг на својот ексклузивец ја сподели и концертната агенција КД Шмид од Германија.

Во меѓувреме, задоволството од соработката со „Лин Рекордс“ Трпчески го надградува и со следни проекти. Во моментов во Софија, заедно со Краповски и Сомов го започнува снимањето на материјалот со дела од Шостакович, а во тек се и завршните подготовки за снимање оркестарско ЦД за оваа еминентна етикета.

Сподели