ноември 28, 2022

Ова е нашиот референдум

Постојат гревови кои можат да се простат, но национално предавство никогаш. Дури ни тогаш!!!

Сподели
 
 
 
   
Стефчо Негриески

Знам дека е тешко време, знам и дека сте загрижени за своето и здравјето на своите најмили. Но, знам и дека нема победи без тешки битки. Кога било лесно?! Не им било лесно ниту на нашите предци, ИЛИНДЕН и АСНОМ, не беше богами лесно ни “91.

Војната никогаш не е една битка. Со референдумот не поразија на “маса”, не смееме да дозволиме да ја изгубиме и оваа битка. И тогаш Македонците се изборија за пенал, ама пеналот го шутираа потплатени играчи. Ако си ја сакаме државата мора да почнеме да казнуваме политичари кои не ја почитуваат волјата на народот.

Сите избори во Македонија беа “историски”. Искрено никогаш не се согласував со оваа флоскула. Отсекогаш мислев дека не е важно кој, туку како владее. Но, дојде време кога изборите навистина добиваат историска димензија. Се работи за нашето име, за нашите корени, за нашата Македонија. Ако ја снема Македонија ќе нема ни Македонци. Сега сме и најпотребни на Татковината. Резервна немаме. Оставете ги сите недоразбирања помеѓу нас, само единствени можеме да го победиме овој фашизам.

И денес ги гледаме во кампањава како се “пењават” дека ја донеле Европа во Македонија. Не бе браќа и сестри, не обезличивте и не пониживте. Оти едно е како не викаат, а сосема друго е како си се викаме самите. И Грците имаат “erga omnes” за своето име. За цел свет се Грција (Greece), ама дома си се Елада  (Ελλάδα, Ελλάς). Ова нашево го нема никаде. Ги гледаш премиерот и претседателот на телевизија, и цела булумента позади нив со см’кнати гаќи и опинок во глава, не смеат да кажат Македонија. Не постои во светски рамки ваква глупост. И срам, срам, срам… Да се работеше за друга држава ќе се смеевме и ќе фаќавме сеири. Ама се работи за нашата Македонија.

Затоа, среда е денот кога Македонскиот народ повторно ќе шутира пенал. Излезете масовно за да шутнете. Шутирајте топовски со кинење мрежа. Нека биде ова нашиот народен референдум.

Автор: Стефчо Негриески

Сподели